Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, информира Министерството за здравство.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews