Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 82-годишно лице од струшкото село Подгорци.
– При инспекциски надзор извршен на 20-ти минатиот месец од градежна инспекција при општина Струга, утврдено е дека пријавениот, започнал со градба на ограда без одобрение, со димензии 6,90 метри 1/3,30 м1+3,60м1 и во висина од 0,35 метри. Тоа, неовластено го направил на катарстарска парцела во атарот на селото Подгорци, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Поради констатирани незаконитости и немање соодветна документација, градежна инспекција при општина Струга донесла решение за отстранување на нелегалната градба.
OhridNews












