Граѓани со допис до медиумите реагираат на создавањето на дива депонија во непосредна близина на управната зграда на Националниот парк Галичица која неконтролирано и секојдневно се зголемува.

На овој простор како што неодамна пишуваше OhridNews, расфрлан е градежен шут, стакло, хигиенски средства, облека, пластична амбалажа, кеси, телевизори, покуќнина, мртви животни и што ли уште не.

Граѓаните бараат итна санација на оваа дива депонија во чија непосредна близина се чуваат пчели. Тие сметаат дека на град под заштита на УНЕСКО не му доликуваат вакви депонии кои ја загадуваат и ја нагрдуваат прекрасната природа.

OhridNews

Најубавите планински предели ги нагрдуваат купишта ѓубре, низ реките тече пластика, надлежните молчат

Во мај во Охрид ќе се реализира голема граѓанска еколошка акција “Чистиме гласно“!