Непознати сторители ноќеска ја гранатирале зградата на македонката Влада.

Владиниот портпарол Ивица Боцевски нападот го оквалификува како терористички чин. Тој  објасни дека  Владината зграда била нападната ноќеска половина час по полноќ, со две тромблонски гранати, кои за среќа не е експлодирале. Тој прецизираше дека гранатите, биле од јужноафриканско потекло и биле истрелани од растојание од околу 400 метри.

Во инцидентот нема повредени, а се уште нема информации за причинета штета.

„Владата сака да им порача на сите кои учествувале во терористичкиот напад дека кога-тогаш ќе завршат во затвор. Ги известуваме политичките креатори дека пораката е примена, но Владата нема да отстапи од својата досегашна политика“,  рече  Боцевски.

Министерството за внатрешни работи го потврди нападот и информираше дека интензивно трага по сторителите. По нападот зголемено е обезбедувањето на зградата на Владата и другите државни институции.

Г. Момироски