Во претседателскиот апартман во хотелот Инекс Горица, во среда вечер ќе биде премиерно одиграна претставата „Граница“. Претставата е работена по текст на Венко Андоновски, а режијата е на Софија Ристеска.


Во текстот има материјал за моќна и силна претстава, вели режисерот Ристеска.

– Во една соба луѓето се борат со своите проблеми, со проблемите во општеството. Целата претстава е многу интимна и многу реална. Проблемите кои ги опфаќа претставата допираат до секого. Во неа станува збор за политиката и личното, како актуелен проблем, за што актерската екипа раговара со публиката пред и после претставата, вели Ристеска.
Претставата е копродукција на новите Битолски драмски мал театар и Охридскиот мал театар. Улогите ги толкуваат актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодоровски, Јоана Попоска и Борис Чоревски.


Граница е врвен текст, вели актерот и режисер, Горан Стојаноски. Тој смета дека во Охрид постои голем капацитет но потрбна е волја од надлежните кои треба само да подадат рака за театарот да стане стварност. Со нашата копродукција во која се вклучени големи имиња на македонското глумиште и театарот може да дојдеме до реализација на идејата за формирање градски театар, рече Стојаноски.

Премиерата на претставата „Граница“ која ќе можат да ја следи само петнаесетчлена публика, е во 20 часот, а таа во истиот термин ќе се игра и во четврток, петок и сабота.

Ohridnews