ГРК Охрид утре во рамки на 10-коло од плејофот во Супер лигата игра со екипата на Тиквеш на домашен терен.
После натпреварот со Татабања ни следува и последниот натпревар од домашното првенство против екипата на Тиквеш. Станува збор за млада и борбена екипа, па нè очекува еден тежок натпревар за кој немаме многу време за подготовка, но ќе излеземе максимално мотивирани и ќе го дадеме нашиот максимум за да ја завршиме сезоната во домашното првенство со уште една победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски.
Од клубот упатуваат повик до навивачите да бидат поддршка на момците во последниот меч од Супер лигата.
Натпреварот со Тиквеш ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17 часот.
OhridNews












