Во скопската населба Аеродром  се убиени 2 бездомни животни, миленици на жителите. Едното најдено мртво, другото починало во големи маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат активисти на “Daisy Family Rescue”, информира Здружението за заштита на животни “Анима мунди”. Случајот е пријавен во полицијата.

Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија, велат од “Анима мунди”.

-Сведоци сме на комплетно безредие, нарушување на јавен ред мир, загозување на безбедноста на се што е живо. Ниту едно ветување за похуман третман на животните, ниту една процедура, закон или пропис, ништо, ништо, ништо не е унапредено! Активистите за правата на животните се излажани како никогаш до сега, со фрапантни случаи на насилство и институционално (масовно) убивање на бездомните животни се соочуваме буквално секој ден! На кривични пријави за мачење на животните не се постапува (Пехчево, Штип), а камо ли по претставки за Законот за заштита и благосостојба на животните. Системот е во колапс, не функционира ништо.- истакнуваат од “Анима мунди”. 

Од невладината бараат да се открие и казни сторителот на грозоморниот чин во Аеродром.

OhridNews