Нема поубава глетка на Охридското Езеро од едрилици со полни едра. Изминатиот викенд охриѓани и посетителите имаа можност да уживаат во спортскиот натпревар на дваесеттината млади едриличари кои зедоа учество на Првата регата оваа сезона на Охридското Езеро од календарот на Едриличарската федерација на Македонија, што се одржа во организација на Здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг од Охрид, под покровителство на „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“.
Во класата Оптимист, севкупно, најуспешна беше Андреа Кавај од ЕК Снегар Струга, пред Гала Булатовиќ – ЗСЕ Акватика Јахтинг Охрид и Андреа Чурковска – ЕК Снегар Струга.
Во класата ИЛКА 4, најдобро време оствари Илина Гаџовска – ЗСЕ Акватика Јахтинг Охрид, пред Софија Ставрева – ЗСЕ Акватика Јахтинг Охрид и Мерт Лушо – ЕК Снегар Струга.

Грст медали за едриличарите од Охрид и Струга на првата регата сезонава
Медалите и признанијата на најдобрите на првата едриличарска регата сезонава на Охридското Езеро, што се одржа под мотото „Заедно за иднината на Езерото“, им ги врачија претставници на „Сава пензиско“, „Сава осигурување“ и Едриличарската федерација на Македонија.
Г.М.
Фото: А. Момироска













