Апелациониот суд одлучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да остане без пасош. Груевски нема да може да патува надвор од земјата. Со одлуката на Апелација се одбива барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој преку адвокатите го бараше пасошот од судот бидејќи му требал за да патува надвор од земјата. Вчера неговите адвокати како аргумент ја приложија поканата од унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Одлуката ја потврдила претседателката на судот, Љиљана Ивановска Шопова за ТВ24.

Груевски е првообвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности заедно со неговите сопартијци и поранешни министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулосска. За пасошот на Сашо Мијалков сè уште нема закажано седница.

OhridNews
Макфакс