Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука на 22 и 23 декември во Валандово да се одржи 16-тиот вонреднот конгрес на партијата на кој ќе се избира нов претседател на партијата, откако неотповиклива оставка поднел лидерот Никола Груевски, јавува „Макфакс“.

Како што информираше генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски, Централниот комитет донел одлука и за бројот на делегати – 544, чии имиња по завршувањето на седницата беа објавени на веб-страницата на партијата.

Рокот за кандидатури е до 21 декември. Неофицијално, досега како кандидати за лидерската позиција во опозициската партија се посочуваат имињата на Христијан Мицкоски, Никола Попоски, Антонио Милошоски и Илија Димовски.

OhridNews
извор: „Макфакс“