Со овации ВМРО-ДПМНЕ и Никола Никола, беше пречекан лидерот, по 40 минути доцнење на свечената Академија по повод 124 години ВМРО и 27 години ВМРО-ДПМНЕ, во Центарот за култура „Ацо Шопов“. Околу 800 делегати, поранешни функционери и членови со громогласен аплауз го поздравија пристигнувањето на Груевски во салата.
Во 30 минутниот говор тој беше прекинуван со аплаузи и овации. Груевски рече дека нема да дозволат со прислушување да им го скршат р’бетот.  „Власта се срами од денот на ВМРО. Ја прекинуваат традицијата за доделување на државната награда 23 октомври“ порача Груевски.

Меѓу присутните ги немаше Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Зоран Ставрески. Груевски рече дека добиваат навреди затоа што ја сакаат Македонија. Пред присутните тој рече дека изборите биле фабрикувани. „Немаат толку мастило за родољубивиот народ, кој на 27-ми април поведен од емоциите влезе во Собранието “ рече Груевски.

Тој најави поддршка на партијата, за сите притворени лица и за оние кои допрва ќе бидат повикани во истрагата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека ова не е битка за власт. „Јас сум небитен, ова е битка за ВМРО и за Македонија“ рече Груевски.

На крајот од говорот, Груевски го повика членството, како што рече, да ги збијат редовите бидејќи обединети ништо не им можат.

OhridNews

Макфакс