Македонскиот премиер Никола Груевски од денеска се наоѓа во официјална посета на Луксембург.

Во рамки на посетата, како што е соопштено, македонскиот премиер ќе оствари средби со премиерот на Големото Војводство Луксембург, Жан Клод Јункер.

Груевски, вчера престојуваше во официјална посета на Италија, при што се сретна и разговараше со италијанскиот премиер Романо Проди.

Тема на разговорите меѓу двајцата премиери бил развојот на билатералната соработка меѓу Македонија и Италија