На поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, денеска се очекува експресно да им се суди во Солун за поседувањето лажни пасоши со кои престојувале во Грција.

Во исказот кој вчера го дале пред судијата во Солун побарале да не бидат екстрадирани во Македонија бидејќи стравуваат за својот живот. На распитот, како што пренесуваат грчките медиуми, тие ги отфрлиле сите обвиненија против нив и побарале да не бидат екстрадирани бидејќи доколку бидат вратени во Македонија, нивниот живот ќе биде во опасност.

Двајцата беа уапсени завчера на аеродромот во Солун обидувајќи се да излезат од Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Грујевски поседувал пасош на име на Христо Атанасов, а Бошкоски под името Неџби Хасан.

OhridNews
Макфакс