Прва победа на турнирот за екипата на Теди Кoмерц, додека по победата во дербито во групата со Спарадајс Бел Мерцедес обезбеди пласман во нокаут фазата.


На првиот натпревар екипата на Враништа одлично го отвори мечот и по првите десет минути имаше предност од 2-0 со головите на Милевски и Грданоски. Но наместо да го дотолчат противникот тие им дозволија резултатски да се вратат во мечот. До крајот на првиот дел предноста ја намали Усеинов. 


На стартот на вториот дел Боев го изедначи резултатот. Вистинска драма се случуваше во последата минута од мечот. Прво Теди Комерц, остана без голманот по исклучувањето. Но наместо погодок, “црвените“ направија грешка и во контра напад нивниот голман Јанчевски заработи исклучување. Побрз од звукот на сирената беше Вељаноски и ги постави конечните 3-2.

Да бидам искрен и нас не изненади овој триумф во последната секунда од мечот, беше тежок натпревар, имавме на два пати негатива но успеавме не само да се вратиме во игра, туку и да забележиме победа – рече стрелецот на првиот гол Усеионов

Дерби пресметката во оваа група им припадна на Бел Мерцедес кои со 3-0 го совладаа победникот од 2010 година Спарадјс. Натпреварот во најголемиот дел беше доста изедначен, тврд и изобилуваше со остри стартови.

Во финишот на првиот дел со голот на Нически “мечките“ дојдоа до 1-0 водство. На стартот на вториот дел,“гостите“ заиграа поагажирано имаа серија прилки но ударите на Танаскоски и Матески не ја погодија целта.


По исклучувњето на Митрески, наместо “Спарадајс“ профитираа, белите. Стојкоски по контра нападот погоди за 2-0 водство, додека кончените 3-0 со вториот гол на мечот ги постигна Нически.

– Се на се` заслужено го добивме мечот, ние ги искористивме нашите шанси, тие не ги искористија своите по што победивме. Турнирот од година во година оди во нагорно ниво, и до крајот очекувам да гледаме интересни натпревари. Посакувам финале – рече двојниот стрелец Антонио Нически.



– Тежок натпревар наметнавме наша игра, не успеавме да профитираме, а потоа до израз дојде искуството на нашиот противник кој знаеше како да ги казни нашите грешки.За нас ништо не е изгубено и одиме на наредниот натпревар на победа – рече најдобриот во тимот на Спарадајс, Дарко Матески.

Група Г
Теди Комерц-Враништа 3-2
Бел Мерцедес  – Спарадајс 3-0

Табела:

1. Бел Мерцедес 2 2 0 0 6-1  6
2. Спарадајс  2 1 0 0 5-4  3
3. Теди Комерц 2 0 0 1 4-7  3
4. Враништа 2 0 0 1 3-7  0

Наредни натпревари :
03.04 21.00 Спарадајс – Враништа
03.04 22.00 Бел Мерцедес  – Теди Комерц

Ohridnews