Екипата на Инекс Горица ништо не остaви на случајност и во решавачкиот натпревар против АСМ Рача триумфираше со убедливи 6-1,обезбедувајќо пласман во најдобрите 16 од турнирот Охрид 2012. Во првиот дел “небесносините“ имаа минимална предност откако Никодиноски Ване го совлада “пантерот“ Димоски.


Во вториот дел Инекс Горица продолжи онаму каде што заврши во првиот и со голот Далчев Љубен зголеми на 2-0. После погодокот “бјанконерите“ тргнаа со сите сили во напад, и го намалија резултатот на 2-1 преку Трифуноски Христијан.


Офанзивната игра на АСМ Рача остави премногу простор за контранападите на екипата на Инекс кои преку Далчев на два пати, еднаш Бакулески и Усеинов до врв ја наполнија мрежата на “бјанконерите“.

Бекче го завери првото место во групата откако триумфираше над Сатеска со 5-3.По првиот дел резултатот беше 1-1. Први во предност дојдоа “црвените“ откако Секуловски погоди по одличното проигрување на Бочески. Бројките на семафорот ги изедначи Лолески со вториот гол на турнирот.


Дожд голови во вториот дел, “белите“ со “парот“ погодоци на Милошески и Лолески зголемија на 3-1. Силјаноски намалува резултатот на 3-2, а Бекче предноста преку ја враќа “деби“ голот на Јосифоски. Секуловски со вториот гол на мечот, трет на турнирот ги враќа “црвените“ во игра. Лолески Ристе со погодок во финишот на мечот го комплетираше хет трикот и ги постави конечните 5-3.


 

Резултати
АСМ Рача  –   Инекс Горица 1-6
Бекче  – Сатеска
5-3

Табела:

1. Бекче 3 2 1 0 7-4  7
2. Инекс Горица 3 2 0 1 11-2  6
3. Сатеска 3 1 0 2 6-11  3
4. АСМ Рача 3 0 1 2 3-10  1
Мх.П.