Инекс Горица ја забележа првата победа, додека АСМ Рача со гол во последните секунди од мечот извлече реми против фаворизираниот тим на Бекче.


Со петарда во мрежата на Сатеска , фудбалерите на Инекс Горица ги отворија натпреварите од втората рунда во В групата. Целата работа беше завршена во првиот дел кога со головите на Далчев  и Усеионов на два пати беше целосно разбиена концепцијата на “црвените“.


Победата во вториот дел ја комплетираше најдобриот играч на теренот Далчев кој го постигна неговиот прв хет-трик на турнирот.

– Добар меч со силен ритам и темпо, во кое подобро се снајдоа нашите противници кои забележаа висок и убедлив триумф.

– Солиден меч, се надедвам дека и во понатамошните мечеви ќе ја повториме нашата игра. Турнирот од година во година добива на квалитет, а наша желба годинава се да се најдеме во самата завршница- рече Далчев.

Минатогодишниот финалист Бекче ремизираше 1-1 со АСМ Рача. И покрај надмоќноста во целиот дел од мечот, “сините“ успеаа само еднаш да ја затресат мрежата на одличниот Димоски на голот на АСМ. Тоа му успеа на Маркоски во финишот на првиот дел.


Во текот на целото второ полувреме се редеа шансите пред голот на Димоски, но “октоподот“ не дозволи да се тресе неговата мрежа. Во последниот напад на мечот, “зелените“ преку Николоски успеаа да го изенанадат фаворитот, и да останат во игра за пласман во наредната фаза.

– Имавме серија шанси кои не ги искористивме и на крајот не стигна казната, затоа и фудбалот е интересен. Нашите противници беа повеќе мотивирани и нивната упорност се исплати во самиот финиш. – рече стрелецот на водечкиот гол Гоце Маркоски.

– Одигравме реми со квалитетен противник, и тоа благодарение на одличнот Димоски на голот.Бевме упорни и тоа ни се исплатеше на крајот – рече капитенот на АСМ Рача, Џајкоски Борче.

Група В
Cатеска – Инекс Горица  0-5
Бекче  – АСМ Рача 1-1

Табела:

1.  Бекче 2 1 1 0 2-1  4
2.  Инекс Горица 2 1 0 1 5-1  3
3. Сатеска 2 1 0 1 3-6  3
4. АСМ Рача 2 0 1 1 2-4  1

Наредни натпревари:
03.04 19.00 АСМ Рача  –   Инекс Горица
03.04 20.00 Бекче  – Сатеска

Ohridnews