Со групно скокање во реката Црн Дрим на 25-ти јули во 11 часот, ќе биде означен почетокот на фестивалот „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival”, кој ќе го отворат мбасадорот на ЕУ г-дин Самуел Жбогар и градоначалникот на Струга г-дин Мустафа Забзун. 

Фестивалот се состои во два дела – денски и вечерен. Денскиот дел ќе се одвива во Паркот на Поезијата каде ќе има изработка на мозаик, детско ликовно катче, фото катче, стари занаети. Вечерниот дел содржи видео презентации, диџеј  сетови, и музичка работилница.

Овој настан е дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. 

Проектот е финансиран од Европската Унија, а го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

OhridNews