12 мај е Светски ден на медицинските сестри. Оваа категорија здравствени работници е во првите редови во борбата против коронавирусот. За придонесот и пожртвуваноста, тие ја заслужуваат сета почит.

Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот! – порачува Министерството за здравство во честитката по повод Светскиот ден на медицинските сестри..

OhridNews