Центар за култура „Григор Прличев“

Од 01.06.2023 - 20:00 до 01.06.2023 - 22:00

Хит претставата „Енергични луѓе“ повторно на репертоарот на први јуни со почеток во 20.00 часот. Претставата е според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Карти по цена од 200 денари може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, без резервации.

OhridNews