Во охридската Полициска станица, вчера во 15 часот, од страна на екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека во комплексот „Св.Наум“ починал 66-годишен државјанин на Република Холандија. Од МВР информираат дека е констатирана смрт, без траги на насилство.

Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот нема да се врши обдукција.

OhridNews