Ј.П. „Охридски Комуналец“  започна со реализација на втората фаза од уредувањето на бетонската жардињера на булеварот „Железничка“  , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус“  до сообраќајната клучка на влезот во Охрид.

Во првата фаза жардињерата беше исполнета со земја, по што следи  хортикултурно  уредување, дополнување  со површински слој од плодна хумусна земја и засадување на  декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, вибрунум, берберис и др.

– Нашите активности се одвиваат синхронизирано со МЈП.„Проаква“ , кои го поставуваат системот за автоматско наводнување по принципот  „ капка по капка“, објаснуваат од јавното претпријатие.  

OhridNews