Најновата книга на Гоце Ангеличин – Жура “Христијански храмови и свети места во Охридско“ беше промовирана за Велигденските празници.
Во книгата се опфатени сите култни места, сакрални објекти во околината на Охрид, од доаѓањето на Светите Климент и Наум на овие простори во 10 век се до најновите цркви од 20 век. Застапени се цркви кои досега воопшто не се биле предмет на научни истражувања и сите стари култни места кои постоеле некогаш и каде што нашите предци палеле свеќи и се одржувало македонското православие, вели авторот.
Книгата е илустирана со 150 колор фотографии. Светите места хронолошки се опфатени по азбучен ред од А-АРбиново до Ш-Шипокно и ги покрива сите 56 села во охридско, кои се прикажани на карта која се наоѓа на крајот од книгата.
0д промоцијата
Книгата “Христијански храмови и свети места во Охридско“ од Гоце Ангеличин -Журa е еден вид прирачник на археолозите и историчарите на уметност.
Таа претствува прегледен систематизиран каталог на христијански храмови и свети места во охридско. Резултат е на собирање податоци и теренски истраувања на околината во охридско, суптилна активност која денеска не мошне прифатена. Гоце Жура е еден од најревносните теренски истражувачи. Тој ги проучувал пештерните цркви и храмови, а со оваа книга прави едно заокружување на оваа територија во охридско, рече промоторот, професор Димитар Пандев.
Книгата “Христијански храмови и свети места во Охридско“ од Гоце Ангеличин -Жура, која претставува предизвик на секој љубител на културното богатство. Издавач е “Маседониа прима“ а рецензент е Паско Кузман.
Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“ Бројната публи...
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.