Вечерва, со почеток во 19 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт, на кој ќе настапат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. Тие ќе изведат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други.

Концертот е во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид.  Дел од собраните средства од влезниците кои чинат 100 денари ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест и на кое му е потребна итна операција во Кина која чини 35 000 евра.

OhridNews