Во рамки на културниот проект „Охрид те сакам“ на 28 Мај во Рим концерт ќе одржи пијанистката Емилија Маринова, актуелен директор на ОМУ „Методи Патче“ и истакнат хуманист од Охрид.

На концертот ќе настапат и учениците од ОМУ „Методи Патче“ Лина Николеска, Огнен Секулоски и Мила Коруновска. Нивниот настап во Рим го помогна лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид.

Инаку концертот доживеа своја промоција во Италија и се најавува во тамошните медиуми и на социјални мрежи.

Дел од средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Инаку лајонс клубот „Лихнидос“ и ОМУ „Методи Патче“ долги години гаат успешна соработка, во рамки на која се поддржуваат талентирани музичари од градот.

Г.М.