Кафе бар „Шила“

Од 05.05.2022 - 19:00 до 05.05.2022 - 21:00

Хуманитарна поетска вечер во огранизација на Црвен крст – Охрид како дел од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во Акција – Промоција на хумани вредности), а во соработка со кафе – бар Шила и Културолошка Иницијатива 5 до 12.

Целта е собирање средства за социјално загрозено семејство од Охрид на кое му е потребна нашата помош. Влезот е бесплатен, но за секој којшто е во можност да донира ќе биде поставена и кутија на самиот влез. 50% од приходот на барот за време на двочасовниот настан ќе бидат одвоени за потребите на семејството, информираат од Клуб на млади на Црвен крст Охрид.

Ги повикуваме сите љубители на поезијата да дојдат, да уживаат во својот пијалок слушајќи ги младите љубители на пишаниот збор, додаваат од Клубот на млади.

Настанот е закажан за утре со почетк во 19:00 часот во кафе- бар Шила.

OhridNews