Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 18 часот ќе се одигра претставата „Зависници – Ефектот на пеперутката“.
Цената на билетите е 50 денари, а средствата собрани од овој настап ќе бидат донирани за помош на 11 годишно момче од Охрид кое итно мора да замине на операција во Кина, која чини 35.000 евра.
Инаку, оваа аматерска театарска група ја сочинуваат Никола Фелкароски , Емилија Костоска, Тамара Таневска, Наум Трајаноски , Влатко Трповски , Ангела Ангеловска , Јулија Митревска , Ема Велјаноска , Иво Михајлоски и Стефан Паскаловски.
OhridNews












