Меѓу познатите личности кои се дел од креативната кампања во која загадочно порачуваат дека и тие се дел од тоа, е и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој е снимен како рекреира по новата рекреативна патека од каналот Студенчишта до Горица, но и градоначалникот не открива повеќе детали за настанот кој следи.
Покрај градоначалникот Бакрачески, во слични кратки видео спотови деновиве ги видовме докторите Баткоски и Манчески, познатата презентерка и косопственик на модниот бренд ”Румор” Лејла Гогова и дизајнерката Марта Пејовска. Се очекува организаторот на креативната кампања деновиве да открие повеќе детали за настанот чиј дел ќе бидат и многу познати личности од Охрид.
OhridNews











