Во текот на летото, и оваа година, како и неколку претходни, жителите на Струга се оставени без вода за пиење на милост и немилост од страна на МЈП „Проаква” и општината обвинува ВМРО ДПМНЕ – Струга.

Почитуван градоначалнику и почитуван директоре на МЈП ,,Проаква”. Зарем Вам не Ви пречи тоа што цел град ги преживува овие пеколни температури без вода? Зарем Вие не сте дел од овој град и дали вака треба да изгледа нашата преубава Струга во 21 век. Нели ветувавте подобар живот? Ова ли е подобар живот и вака ли ќе одиме кон Европа, без вода за основни егзистенцијални потреби? Би сакале да Ве потсетиме дека Вие сте тука за да ги решавате проблемите на граѓаните, а не да ги создавате! Оваа состојба е веќе алармантна и неиздржлива и токму затоа поголема група граѓани од повеќе реони на општина Струга ви најавуваат тужби. – велат од ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.

ВМРО ДПМНЕ апелира до надлежното претпријатие МЈП ,,Проаква”, како и до градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, што поскоро и сериозно да се зафатат со работа и да го решат проблемот со водоснабдувањето во градот.

OhridNews