
По дваесет месеци минати во притвор, два судски процеси и пресуда во Стразбур за неосновано држење во притвор Ѓорѓи Миладинов денешната одлука на Судечкиот совет ја оцени како присилна, за да ја оправда грешката на судот и непостоењето на делото.
-Судството е марионета во рацете на обивнителство и МП со оваа пресуда сакаат да избегнат казните од Стразбур каде пресудата беше во корист на обвинетите дека притворот и целата постапка се незаконски, изјави Ѓорги Миладинов.
Судскиот процес за случајот „Изгрев “ започна во 2010 година. И тогаш и сега обвинителството ја исклучи од обвнителниот предлог Македонската православна црква која фигурираше како бизнис партнер на браќата Миладинови.
OhridNews
Извор: Тв Телма











