Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски во продукција на Pandora’s Box продукција од Охрид, а во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија, го започна фестивалскиот живот.
Со својата интернационалан премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува на Косово. Познатата актерка и филантеоп, Ванеса Редгрејв е една од помагателите и пријателите на фестивалот. Таа е претседател на почесниот одбор на фестивалот и го поддржува фестивалот промовирајќи го во различни меѓународни кругови. Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како КРВ И МЕД), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25-60 мин.) Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски “ДЕДО И ВНУК”, оваа година беше дел од програмата “Крв и мед”, на 12-то издание на фестивалот кое што поради ковид пандемијата се одржа во хибридно онлајн издание.


OhridNews
 
					




 
							







 
					