На 29.12.2017 година од страна на инспектори при надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје –Струга била извршена контрола во с.Мороишта – Струга во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“ при што пронајдени биле 7377 парчиња пиротехнички средства – петарди.

Петардите се одземени, а сопственикот на продавницата бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка, соопшти МВР.

OhridNews