НК КР Струга поднесе кривична пријава против 49-годишна жена од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против 43-годишно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 4-ти мај, во струшкото село Јабланица, албанската државјанка, со помош на лицето од Прилеп дошла во домот на жителка од селото каде побарала да и гледа на кафе на сопственичката и нејзината снаа. За истото требале да и дадат златен накит и 100 евра. Откако истите и го дале, пријавената им кажала дека треба да го земе златото за да ја тргне магијата и дека ќе им го врати во 15 часот. После тоа заминала од домот, им оставила телефонски број за контакт, но повеќе не се појавила, а на телефонскиот број не била достапна.

Со тоа лицата увиделе дека се измамени и дека се оштетени за 250.000 денари.

Ohridnews