Центар за култура „Григор Прличев“
Од 09.04.2026 - 20:00 до 09.04.2026 - 22:00
Како и изминатите годни, така и оваа година, на 9-ти април (Велики четврток) на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид (Народен Театар Охрид) од 20:00 часот тимот на „Импровокација“ го најавува нивниот вообичаен предвелигденски „special“. Билетите за шоуто по цена од 400 денари можат да се резервираат на телефон 075 283 066.

Точно заради тоа секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш. Ваквата форма на театар е комична и спонтана. Рамката на импровизацијата ја даваат актерските задачи (т.н. игри) кои што ги одредуваат правилата на кои актерите се придржуваат додека ја импровизираат сцената. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавањето на сцените со нивните предлози од место или во одредени случаи се јавуваат и како актери на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба.
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
OhridNews













