Во 96 година од животот, денеска, во Охрид, почина Атанас Кипро Илоски.

Атанас Кипро Илоски (1923 – 2019), бил учесник во борбите за ослободување на Охрид и на сите други градови во Западна Македонија и градот Скопје, како и во борбите на Сремски фронт во Втората светска војна. По ослободувањето тој е активен учесник во општествениот живот во повоениот Охрид. Бил професор по географија во гимназијата „Св. Климент Охридски“, потоа претседател на Собранието на град Охрид, директор на Заводот за вработување – Охрид и началник на СВР Охрид, а извршувал и други значајни функции.

Посмртните останки на Атанас Кипро Илоски, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 12 февруари, вторник, од 12 до 13 часот.

OhridNews