Жителите на едно индиско село направиле многу необичен преседан за време венчавката на една своја соселанка. Тие заклучиле дека нејзиниот иден сопруг е премногу пијан за да може да ја венча, па наместо за него, ја венчале за неговиот помлад брат.

„Младоженецот бил многу пијан и со своето однесување ги навредувал гостите и семејството на идната жена, па така селаните одлучиле да го „исфрлат од игра“, стои во извештајот на локалната полиција.

Помладиот брат без никаква задршка се согласил тој да се ожени за избраницата на братот. Иако „оригиналниот“ младоженец зажалил заради своето однесување и се извинил плачејќи, селските власти тврдат дека нема да му ја „вратат“ невесатата бидејќи сега таа му припаѓа на помладиот брат.

(v.l)

С. Костоски