Утре во Охрид ќе биде отворен иницијалниот состанок за новиот проект „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето“.

Состанокот е дел од низата активности и работилници кои во периодот од 09 до 12 јуни се одржуваат во Охрид, а се во врска со тековните и идните проекти кои ги спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) од Виена, со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Инаку, настанот ќе отвори заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, и претставникот од Канцеларијата на УНЕП во Виена, Пиер Карло Сандеи.

OhridNews