Инстант лозот „Мега милионер“ на Државна лотарија ја нуди најголемата парична добивка од инстант лотаријата – 10.000.000 денари. Со оваа рекордна премија, „Мега милионер“ се издвојува како најатрактивниот инстант лоз во историјата на Државна лотарија.

Инстант лозот „Мега милионер“ крие вкупно 323.755 добивки со вредност од 150 до 10.000.000 денари, носејќи возбуда, надеж и изненадувања на секој чекор.
Играта е едноставна и забавна – доволно е да се изгребат полињата и да се пронајдат три исти симболи „МЕГА МИЛИОНЕР“ за добивка од 10 милиони денари, три исти симболи „МИЛИОНЕР“ за милион денари или три исти износи за другите парични добивки.
Со цена од само 150 денари, секој лоз „Мега милионер“ е шанса за нова приказна, нова радост и можност да станете дел од историјата на најголемите добивки. А ако сакате да ја споделите радоста – подарете „Мега милионер“ во ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Со еден мал знак на внимание може да подарите голема возбуда и можност за незаборавна добивка.
OhridNews













