Фестивалот Охридско лето ќе заврши како што е предвидено, односно ќе се реалзираат сите преостанати настани. Ова во видео интервју за OhridNews го изјави директорката на Фестивалот Наташа Поповиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали новите рестриктивни мерки кои на сила стапуваат денеска, ќе влијаат на реализацијата на програмата на фестивалот кој завршува на 20 август.

На 16 август стапуваат на сила новите мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот. Нам ни преостануваат уште четири дена од фестивалот. Ние сме и така на отворено, а бидејќи преостанатите настани ни се на отворено, подготвени сме да ги реализираме со примена на соодветни заштитни мерки и во согласност со пропишаните протоколи. – истакна Поповиќ.

Во разговорот со Поповиќ во студиото на OhridNews, се осврнуваме на годинешното издание на Охридско лето, како актуелната ситуација предизвикана од Ковид 19 влијае на фестивалот, но и на идните планови и програмата за 62-то издание на најголемата културна манифестација во земјата, на што веќе се работи.

Интервју со Наташа Поповиќ – Директорка на Фестивалот „Охридско лето“

Г. Момироски