Во организација на Интернационална полициска асоцијација (ИПА) Охрид, од 12 до 14 јуни годинава во Охрид ќе се одржува јубилејниот 10. Меѓународен ИПА Вело-викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“, со централна рекреативна велосипедска тура Охрид–Струга–Радожда закажана за 13 јуни.

Велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда е традиционална рекреативна велосипедска тура со која, уште од 2016 година, се афирмира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга и понатаму кон туристичката населба Радожда и од Охрид до Пештани, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека, велат од ИПА Охрид.
Овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа. Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување пред се, на Охрид до Струга а потоа и кон туристичките населби Радожда и Пештани, да станат реалност, потенцираат од ИПА Охрид.

Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација, велат од ИАП Охрид.
Воедно, упатуваат повик до членството на ИПА, вело-клубовите и граѓаните од земјава и странство да се приклучат на настанот и со масовно учество да дадат поддршка за развој на велосипедската мрежа во регионот.
OhridNews











