Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, туку е кинески и е препакуван во Холандија и е со значително помала точност од декларираната, открива Истражувачката репортерска лабораторија Македонија – ИРЛ.

Oткриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се ​​купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потеклно и за перформансите на тестот, сепак не е, се наведува во истраувачката сторија на ИРЛ.

Тестовите не ни биле направени во Холандија

Тестот – продаден од холандската компанија Инзек Интернешнал Трејдин под брендот Биозек – беше еден од најмалку три брендови на брзи тестови за корона вирусот издаден од европски и американски производители, кои всушност се ре-брендирани од популарен кинески тест. Тестот произведен од Хангзоу Аллтест Биотех Цо. Лтд, во неколку независни испитувања се покажал помалку точен отколку што се тврди. Владата на Велика Британија ја откажа нарачката за тестовите, откако наводно открила дека не успале да ги исполнат нивните стандарди за точност, откриваат репортерите на ИРЛ.

Кинеските тестови, под различни имиња на брендови биле користени од здравствени установи и влади во земји, вклучувајќи ги и Шпанија, Италија, Франција, Велика Британија, Индонезија, Русија и Ватикан. Купување и ребрендирање на вакви тестови е легално и во Соединетите Американски Држави и во земјите на Европската Унија. Сепак, неточно информирање на потрошувачите и пациентите, е нелегално, се наведува во истражувачката сторија.

Лажно негативен тест е катастрофа

Брзите тестови се прават со земање на мал примерок крв кој се става на мала пластична лента за да се провери присуството на вирусни антитела. Повеќето од тестовите бараат два вида на антитела: Имуноглобулин М (IgM), кој обично се појавува во почетната фаза на заболувањето, и Имуноглобулин Г (IgG), кој се јавува во подоцните фази и опстојува подолго.

Според здравствените експерти консултирани од истражувачката мрежа лажните негативни тестови можат да бидат многу опасни, затоа што доколку на инфицирано лице му се даде слободно да шета може да предизвика катастрофа.

Заедно со вентилаторите и маските, имаше голема побарувачка и на брзите тестови во раните фази на пандемијата. Комплетите за тестирање од Кина добија голем публицитет. Кинеските пратки за помош и продажба во европски земји погодени од вирусот, наскоро се соочија со контроверзии. Шпанија ја врати серијата на комплети за тестирање на кинескиот производител Шенжен Биоизи Биотехнологија, откако било утврдено дека имаат само 30 проценти точност, открива интернационалниот истражувачки тим новинари.

Повеќе за истражувањето за лажно декларираните брзи тестови прочитајте на веб страницата на Истражувачката репортерска лабораторија Македонија.

OhridNews
извор: ИРЛ Makedonija