Охридската полиција трага по уличниот продавач на девизи Трајче Цоцески од населбата Рача, кој според неговото неговото семејство исчезнал во саботата попладне. Тој како што информираат неговите блиски, последен пат бил виден завчера околу 17 часот во кафулето „Алегро“ наспроти градскиот пазар. Трајче Цоцески таму бил на кафе со пријател на кого му кажал дека оди да се види со друг пријател на кого требало да му размени 2.500 евра кои ги имал кај себе. Оттогаш на Трајче Цоцески му се губи секаква трага. Роднините упорно ѕвонеле на неговиот мобилен до полноќ, а од вчера наваму тој бил недостапен на својот телефон, поради што тие се сомневаат дека е киднапиран.
Роднините случајот го пријавиле во охридската полиција која трага по исчезнатиот продавач на девизи. Трајче Цоцески е роден 1948 година. Има бела коса и висок е околу 170 сантиметри. Тој бил стечаен работник од некогашна „Засатава“ по што почнал да се занимава со препродажба на девизи кај пазарот.
За една година ова е втор случај на исчезнување на уличен продавач на девизи. На 8 февруари 2007 година сред бел ден во близина на пазарот исчезна уличниот продавач на девизи, Спиро Ставрески, кој три месеци подоцна беше пронајден убиен во атарот на село Лактиње-охридско.
Со првата проекција на Drive-in Cinema – летното кино со автомобили, вечерва официјално започнува осмото издание на Културолошката иницијатива „5 до 12“, која ова лето ќе се одржува под мотото „Бес...
„Соларен саем Охрид“, ќе се одржи денеска, 22 јуни од 17:30 до 20:30 часот на Градскиот плоштад во Охрид Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓ...
Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.