Хуманост ана нашите иселеници продолжува. По повод Христовото воскресение и оваа година социјалното друштво „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија организира велигденски ручек за лицата згрижени во Одделението за геријатрија при охридската Општа болница. Благодарение на донираните средства од иселениците, згрижените лица имаа можност да ја почувствуваат празничната атмосфера на велигденскиот ручек.
Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија, повеќе од три децении ги помага немоќните и социјално загрозените граѓани во Охрид.
Реализираните донации за Одделението за геријатрија се бројни.
OhridNews














