Старо исушено дрво попладнево падна на улицата „Димче Маленко“ која води од Чинарот кон црвата Св. Богородица Каменско. Повредени за среќа нема, бидејќи дрвото паднало секунди откако млад минувач минал покрај него, сведочат очевидци.

При падот на дрвото не е предизвикана материјална штета на околните објекти и друг имот.

За случајот известени се надлежните служби, a екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегле на местото на настанот и го исчистиле просторот.

На овој потег има уште едно старо исушено дрво кое претставува опасност по минувачите, предупредуваат мештаните кои апелираат до надлежните да преземат мерки со цел да не дојде до несакани последици.

Г.М.