
Носителот на пратеничката листа на кандидати за пратеници од ВМРО- Народна партија, Ванчо Костоски, истакна дека секои наредни избори се се подобри и дека во однос на амбиентот во кој се одржуваат одат по нагорна линија.
Кандидатот за пратеник од СДСМ, Митре Велјаноски, рече дека одредени партиски структури се предизвикувачи на неповолната предизборна клима.
– Непријатно е во град во кој два века порано отколку во Болоња имало универзитет, сега во 21 век да држиме трибини и предавања како да организираме фер и демократки избори. За жал, за тоа не е виновен некој од надвор, туку самите граѓаните, рече Велјаноски.
Британскиот амабасадор во Македонија, Кристофер Ивон, потенцира дека земјите членки на Европската Унија со внимание го набљудуваат она што се случува во регионот. – Би сакале овие избори да бидат успешна приказна за Македонија и пат кон европското семејство, рече амбасадорот Ивон.
На панел дискусијата говореа и претставниците од ДУИ и Нова демократија, а поради партиски обврски не присуствуваа и дебатираа најавените претставници од ВМРО- ДПМНЕ и ДПА.










