Исламската верска заедница – ИВЗ, најави дека на 12 мај ќе ги отвори џамиите за верници. Одлуката била донесена на вонреден состанок одржан синоќа.

Од ИВЗ велат дека внимателно ja следат здравствените состојба, намалувањето на бројот на заболени од Ковид 19, но и дека ги слушaат барањата на 13-те муфтивства и муслиманските верници за отварање на храмовите, што наводно било поттикнато од невнимателноста на Македонската православна црква.

Одлуката на ИВЗ доаѓа по одржувањето на традиционалната еордија – литија во Струга во организација на МПЦ.

Во земјата на сила е вонредна состојба, која, меѓу другото забранува масовни собирања.

OhridNews