Исламската верска заедница со допис ја известила Владата, дека нема да ги затвори џамиите за празникот Рамазан Бајрам, претстојниот викенд. Дека е сириозна во намерите потврди потегот на нејзиниот поглавар, Сулејман Реџепи, кој, дописот напишан само на албански јазик, вечерва го сподели на социјалните мрежи.

Оваа најава на ИВЗ доаѓа по известувањето од министерот за здравство Филипче, дека Комисијата за заразни болести на Владата ќе и предложи продолжен викенд карантин од сабота во 19 часот, до вторник во 05 часот, кој ги опфаќа муслиманскиот празник Бајрам и православниот Св. Кирил и Методиј.

OhridNews