Избор песни од стихозбирката Крајпатни ветришта на охридскиот поет Пере Ристески се објавени во реномираниот француски веб сајт за литература Poemhunter, меѓу врвните поетски имиња како што се Бертолд Брехт, В.С. Мервин, Јарослав Сајферт и други.
              
Poemhunter е француски веб сајт за литература (првенствено за поезија) што се објавува на англиски јазик. Освен поезија на сајтот се објавуваат и критички осврти за поетски книги, како и научно-истражувачки трудови од познати светски автори.

OhridNews