Деветнаесеттото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, на 40 страници донесува актуелни теми, интересни и едукативни содржини, во функција на заштита на здравјето и подобрување на здравствената култура кај нас.

Познатиот хирург Д-р Игор Балевски, се осврнува на актуелната здравствена криза и кардиоваскуларните болести. Специјалистите од очната болница „Деница“ и овој пат подготвија вредни совети за заштита на видот, а тука се и бројни други корисни информации од областа на здравјето и подобрување на имунитетот, нешто што е од исклучително значење во актуелниот момент.

Искрено се надевам дека, независно од специфичноста на состојбата која е особеност на оваа зима, успевате да го најдете внатрешниот мир и да уживате во животното секојдневие, храбро соочувајќи се со сите предизвици што ги носи животот. Во таа смисла, и опасностите за нашето здравје, верувам дека имаат карактер на краткотраен личен ангажман со успешен крај доколку ги почитуваме советите на нашите доктори и фармацевти и доколку постојано ја надоградуваме нашата здравствена култура и знаење. Настинките, грипот и вирусите се константа во текот на година, а здравиот и силен имунитет е најдобриот одговор за овие најчести проблеми за нашето здравје. Оттаму, активностите кои го јакнат нашето општо здравје, треба да претставуваат наше секојдневие. -вели главниот уредник на магазинот „Наше Здравје м-р Марица Угриновска Баткоска.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во аптеките „Виа Фарм“ во регионот.

OhridNews