Монографијата посветена на 110 годишнината на ОУ „Свети Климент Охридски“, денеска излзе од печат. Издавањето на ова вредно дело го поддржа и финснсиски го помогна локалната самоуправа.


Монографијата сведочи за развојот на системот на државно образование на овие простори, од неговите почетоци до денес, со што го вбројува ова училиште во најстарата образовна институција во градот  одкако е воведено државното образование.

Промоцијата ќе се одржи во просториите на училиштето на 23 јануари во 18 часот.

Ohridnews