Коалицијата на граѓански организации “Излези да гласаш”  изборите на 5
јуни ќе ги следи со преку 1000 акредитирани набљудувачи во шестте
изборни единици на територија на Македонија.


Најмногу набљудувачи од невладината коалиција ќе има во изборната
единица три, и тоа 374, а во изборната единица, еден – 302.  Најмалку
набљудувачи 49, ќе пратат во втората изборна единица.

Оваа коалиција на граѓански
организации “Излези да гласаш” ги надбљудуваше парламентарните избори во
2008 година, со 593 набљудувачи, додека во 2009 година,
претседателските и локалните избори, ги следеа со околу 1000
набљудувачи.

Коалицијата “Излези да гласаш” е составена од членови од  преку 100 граѓански организации.

Ohridnews